Еколошкото друштво”Грашница”, во соработка со туристичката асоцијација “Билјана” и Одделението за заштита на животна средина при Локалната самоуправа, попладнево организира работна акција за спас на шумскиот појас во стариот дел од Охрид.



Причините за акцијата се што поголемиот дел од боровата шума и насадот од бадеми во овој дел од градот се соочуваат со исушување, поради ширењето на бршленот-зимзелено растение кое се нафаќа врз боровите и бадемовите стебла, кој потоа брзо се шири.


–    Овој простор и дрвата кои се тука насадени се од особено значење за градот. Намера ни е и да го привлечеме вниманието на надлежните институции кои очигледно треба да посветат повеќе грижа на овој простор, бидејќи бршленот доведе до сушење на багремовите и бадемовите стебла, велат од ЕД Грашница.


Во рамки на акцијата се вршеше рамно остранување на бршленовите стебла. Организаторите потенцираат дека поради зафатеноста со овој паразитски вид, потребни се повеќе акции за целосно остранување на опасноста која и се заканува на целата шума.

OhridNews