Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр. 56 Сектор за урбанизам и заштита на животната средина , во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 15- ти април до 15- ти мај 2013 год.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 10- ми мај во малата сала на Општина Охрид ,со почеток во 12 часот.
Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена по објавувањето на информацијата, а сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење ,забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина. Истите може да ги испраќаат на e-mail : [email protected] , или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.
.