Физичките лица кои вршат угостителски услуги од мал обем за сместување во куќи, апартмани, соби и станови за одмор, а се регистрирани во регистарот што го води Градоначалникот на Општина Охрид, согласно Законот за угостителска дејност, се должни да го продолжуваат Решението за категоризација на секои три години, во рамки на неговата важност, информираат од Општина Охрид.
За таа цел, приватните станоиздавачи потребно е да поднесат Барање за продолжување на решението за категоризација во просториите на Одделението за туризам – Сектор ТЛЕР при Општина Охрид. Доколку не се почитува пропишаната законска процедура, физичките лица кои вршат угостителска дејност без потребната документација ќе бидат предмет на инспекциски надзор, потенцираат од Општина Охрид.
Општинските овластени инспектори за туризам и угостителство, додаваат, ќе спроведуваат засилени контроли, при што ќе се постапува согласно прекршочните одредби од Законот за угостителска дејност.
OhridNews













