По повод патрониот празник на Охрид, 8ми Декември, во редовите на извидничкиот езерски одред „Пионер“ свечено дадоа завет новите извидници, со што и официјално се приклучија кон големото светско извидничко семејство.
-Симболичното давање на завет претставува свечен чин при кој што извидниците замислувајќи ја својата животна желба ставаат дрвца во логорскиот оган преку чиј пламен желбите се поврзуваат со универзумот. Обврзувајќи се дека ќе работат и живеат според извидничките закони, дека ќе ја запознаат својата татковина и дека ќе ги почитуваат и ќе им помагаат на другите според текстот на заветот, истите и формално стануваат извидници-скаути признати во целиот свет. – вели Зоран Костоски, старешина на ИЕО „Пионер“.
Воедно на настанот беа потврдени поедини вештини и вештарства кои што извидниците ги стекнаа во изминатиот период, информираат од ИЕО „Пионер“.
OhridNews

















