Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Охрид, информира дека вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кизи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен.

Конкретно преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера во 14.12 часот, била добиена пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, од локација над с.Лавчани, поточно на местото „Два Камења”, во Општина Кичево, по што координирата акција почнала, информираат од ЦУК Охрид.

Од СВР Охрид потврдуваат дека случајот бил пријавен во ОВР Кичево и дека повредениот планинар е лице од Кичево.

На 02.02.2025 во ОВР Кичево е пријавено дека 41 годишно лице од Кичево при планинарење на планината Бистра, паднал во тешко пристапен терен над селото Лавчани. На повредениот, прва помош му пружиле жители на истото село кои со коњ го пренеле до селото Лавчани, од каде со Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews