Во седиштето на УЕФА, во Нион во неделата беа извлечени бараж двојките, по кои ќе бидат познати и последните четири репрезентации кои ќе учествуваат на Европското првенство во фудбал, кое наредната година ќе се одржи во Франција.  

Баражот ги спои скандинавските ривали Шведска и Данска, Босна и Херцеговина ќе и се спротивстави на Република Ирска, Украина патот на ЕП ќе го бара преку Словенија, а Унгарија за противник ја доби Норвешка.

Првите дуели ќе се одиграат на 12, 13, 14  ноември, а реваншите на 15, 16 и 17 ноември. 

„Макфакс“

Ohridnews