Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), попладнево со жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Пред извлекувањето 16-те екипи беа поделени во две групи, носители и неносители, при тоа две екипи од иста земја и два учесника во иста група од групната фаза не можеа да се сретнат во осминафиналето.

Извлечени двојки за осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување:

1. Порто – Арсенал

2. Наполи – Барселона

3. ПСЖ – Реал Сосиједад

4. Интер – Атлетико Мадрид

5. ПСВ – Борусија Дортмунд

6. Лацио – Баерн

7. Копенхаген – Манчестер Сити

8. Лајпциг – Реал Мадрид

Првите натпревари од 1/8 финалето ќе се одиграат на 13, 14, 20 и 21 февруари 2024 година, а реваншите на 5, 6, 12 и 13 март.

OhridNews