Извлечени се двојките за 1/4 финалните двомечи во Лигата на Европа. Најзвучен пар е италијанско-англиската пресметка помеѓу Наполи и Арсенал, а внимание ќе привлече шпанскиот дуел Виљареал – Валенсија. Екипата на Славија Прага која на сензационален начи ја елиминираше Севиља силите ќе ги одмери со Челси, додека Бенфика ќе се судри со германскиот бундеслигаш  Ајнтрахт Франкфурт.

Победникот од дуелот Наполи – Арсенал ќе се сретне со подобриот од двомечот Виљареал – Валенсија, а победниците од Бенфика – Ајнтрахт Франкфург и Славија Прага – Челси ќе ја сочинат втората полуфинална двојка.

Натпреварите од првата етапа во 1/4 финалето се играат на 11 април, а реваншите на 17 април.

Двојки: 

1.Наполи – Арсенал

2.Виљареал – Валенсија

3.Бенфика – Ајнтрахт Франкфурт

4.Славија Прага – Челси

OhridNews