Извлечени се двојките за втората прелиминарна фаза во Лигата на Европа. Ждрепката во 1/8 финалето не ги соочи фаворитите за титула, но сепак донесе неколку интересни пресметки.

Еден од фаворитите Челси силите ќе ги одмери со Динамо Киев, додека Интер ќе се сретне со бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. Вториот италијански преставник Наполи ќе се судри со Салзбург, а Арсенал со францускиот Рен. Единствениот состав од балканските простори Динамо Загреб за противник ја доби Бенфика.

Првите мечеви се играат на 7 март, додека реваншите седум дена подоцна на 14 март.

Двојки 1/8 финале:

Челси – Динамо Киев

Ајнтрахт Франкфурт – Интер

Динамо Загреб – Бенфика

Наполи – Салзбург

Валенсија – Краснодар

Севиља – Славија Прага

Арсенал – Рен

Зенит – Виљареал

OhridNews