Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждрепката за почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига запад и исток. И оваа сезона како и минатата квалитетот е наклонет на западната страна во која членуваат Лабуништа, Струга Трим Лум и Кораб кој избор пласман со освојувањето на титула во Третата МФЛ.

Новата сезона во второлигашкото друштво Лабуништа ќе ја започне на домашен терен против кичевски Влазрими, Кораб во Дебар ќе го пречека Гостивар, додека Струга Трим Лум гостува кај Гоблен Јуниор. За издвојување во првата рунда е дербито помеѓу Скопје и Пелистер.

Мечевите во Втората лига започнуваат на 18 август, а четири дена подоцна се мечевите од првата рунда во Купот на Македонија.

Двојки 1.коло запад:

Лабуништа – Влазрими

Кораб – Гостивар

Скопје – Пелистер

Генч Калемлер Спорт – Тетекс

Гоблен Јуниор – Струга Трим Лум

Двојки 1.коло исток:

Вардар Неготино – Брегалница

Кит-Го – Плачковица

Тиквеш – Кожуф

Детонит Јуниор – Борец

Саса – Партизан

OhridNews