Познати се групите и распоредот на натпревари на 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“, кој започнува утре, 11 август, во Волино.

На годинашното издание ќе настапат 24 екипи, поделени во осум групи со по три екипи.

Група А: Хотел Тино, Златара Бени Ерол, Киоск Кај Бироно
Група Б: Асп Пак, Македонија, Викса Пром
Група В: Др. Баткоски, Охридски бисер Филеви, Требеништа
Група Г: Сатеска, Инекс Олгица, Провелд
Група Д: Мики Про Керамика, ДОЕЛ Ноче, Злате Транс
Група Ѓ: Аце Најдески, Бурекџилница Гока, Мороишта
Група Е: Чардак Велгошти, Ескобар Волино, Екстра Скопско
Група Ж: БЗ Груп, Типлери, Том Гор

Натпреварувачката програма започнува утре во 20:30 часот, со средбата меѓу Сатеска и Провелд. Потоа следуваат уште два натпревари.

11 август
20:30 Сатеска – Провелд
21:30 Асп Пак – Македонија
22:30 Хотел Тино – Златара Бени Ерол

Три средби се на програмата и на вториот натпреварувачки ден.

12 август
20:30 Др. Баткоски – Требеништа
21:30 ДОЕЛ Ноче – Мики Про Керамика
22:30 Мороишта – Бурекџилница Гока

„Богородица куп“ и ова лето ќе донесе фудбалски возбудувања во Волино. За најдобрите екипи е обезбеден вкупен награден фонд од 350.000 денари, од кои 200.000 денари ќе му припаднат на победникот. Второпласираниот ќе добие 100.000, третопласираниот 40.000, а четвртопласираниот 10.000 денари.

Бранител на трофејот е Сатеска, која одбраната на титулата ќе ја започне уште во првиот натпревар на турнирот против Провелд.

Медиумски партнер на турнирот е Охридњуз.

Г.М.