Извлечени се групите за завршниот турнир од Мастерс турнир во Лондон на кој учествуваа најдобрите осум тенисери во светот.
Осумте тенисери се поделени во две групи. Во групите се играа по систем секој со секого, а најдобрите двајца од групите патуваат во 1/2 финалето.
Ждрепката која беше емитувано во живо на ББС телевизијата ја водеше Борис Бекер. Турнирот започнува на 12 ноември, а мечевите ќе се играат во О2 арената.
Групите:
А група: Рафаел Надал, Доминик Тим, Григор Димитров, Давид Гофин
Б група: Рожер Федерер, Александар Зверев, Марин Чилиќ, Џек Сок
OhridNews