Во просториите на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, денеска, пред присутните претставници од екипите учеснички на турнирот во баскет 3×3 извлечени беа групите.

Вкупно 14 екипи ќе учествуваат на турнирот и ќе бидат поделени во две групи по седум тима. Натпреварите по групи се играат по принцип секој со секого додека најдобрите четири екипи од секоја група понатаму се вкрстуваат се до финалниот натпревар.

ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите љубители на кошарката, спортот, рекреацијата да дојдат да ги проследат натпреварите од вториот по ред турнир во Баскет 3×3 кој се организира по повод претстојниот празник 7 – ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. Влезот е слободен.

Првото и второто коло е закажано за в недела (20 октомври) со почеток од 19 часот, натпреварите се играат во спортската сала “Билјанини Извори”.

Групите:

Група А: Мт Интернационал, Кентерс, Ликвид, Органска Буковка, Дентал Медика, Костал 2 и Нова Ривиера

Група Б: Алпојо, Аквариус, Леарница, Костал 1, Грини, НОА и Попаџонс Лихнида

OhridNews