Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), денеска, беа извлечени паровите за 1/8 финалето во Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот Шкендија за противник го доби амбициозниот второлигаш од истокот Кит Го, додека од поинтересните парови се дуелот помеѓу Вардар – Македонија Ѓорче Петров и Гостивар – Победа.

Првите мечеви во осминафиналето во најмасовното клупско натпреварување се играат на 19 септември, а реваншите на 3 октомври.

Двојки:

ГФК Тиквеш – Работнички

Гостивар – Победа

Вардар – Македонија ЃП

Скопје – Силекс

Шкендија – Кит Го

Брегалница – Академија Пандев

Пелистер – Беласица

Кораб слободен

OhridNews