Во Државната изборна комисија денеска беа извлечени редните броеви на кандидатските листи за претстојните локални избори. Редните броеви ќе бидат исти и за кандидатите за градоначалници и за советничките листи.

Бројот 1 го доби СДПМ на Јанко Бачев, ВМРО ДПМНЕ каде што ќе настапува сама ќе го има бројот 7, а заедно со коалицијата 13, додека СДСМ го извлече бројот 19.

Локалните избори ќе се одржат на 15-ти октомври.

OhridNews