Од септември до октомври 2013 година, конзерватори од НУ Завод и Музеј – Охрид извршија конзерваторски активности на нумизматичката збирка на Охридска Банка АД Охрид при што се конзервирани сите монети од збирката изработени од бакар и бакарни легури, бронза, сребро и злато.

„Монетите припаѓаат на повеќе временски периоди, односно од раната антика до доцен среден век. На сите монети е извршена промена на заштитиниот премаз, а монетите на кој се забележани корозивни хемиски процеси е извршено чистење, стабилизирање и повторна заштита. При конзервацијата се применети повеќе техники на механичко и хемиско чистење односно стабилизирање и инхибирање на корозивните процеси на монетите. За конзервацијата употребени се повеќе хемиски средства за чистење и заштита и изработена е фотодокументација на монетите пред и по конзервација.“ –  информираа од Завод и Музеј.

Конзервацијата на нумизматичката збирка комплетно ја финансирала Охридска Банка.

OhridNews