Од јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информираат дека во рамки на своите можности, во текот на изминатите неколку недели започната е реконструкција и санација од мал обем на повеќе делови во Спортско рекреативниот центар.
Целта е, потенцираат од претпријатието, краткорочно подобрување на условите наменети посебно за корисниците на Градскиот стадион.
– На градскиот стадион се реновираа сооблекувалните кои ги користат фудбалските екипи и школи како и атлетичарите, но исто така ќе се користат и од фудбалските екипи од соседството кои веќе го најавуваат своето доаѓање во Охрид како дел од нивните подготовки во зимскиот период. Исто така, поради големиот интерес на граѓаните кои ги користат кошаркарските игралишта, ЈП Билјанини Извори им овозможи во овие зимски денови да можат да се рекреираат во малата сала која е во рамки на Спортската сала Билјанини Извори, информираат од јавното претпријатие.
OhridNews













