Настанот се случил вчера во 20 часот во близина на бензинската пумпа „Билјанини извори“, на патот кон селото Велестово. Осомничениот претходно ја пресретнал оштетената на улицата „15 Корпус“, каде се понудил дека ќе ја превезе по што ја однел на патот кон Велестово каде извршил обљуба врз лицето, кое било со заостанат душевен развој.
Осомничениот и претходно имал извршено слично кривично дело.