Охридскиот регион е богат со вода, но таа не се користи рационално, сметаат граѓаните. На анкетното прашање на OhridNews: „ Дали рационално ги користиме водните ресурси“, мнозинство од читателите одговориле негативно.

Охридското Езеро е најголем природен басен со питка вода во Југоситочна Европа, но, реките кои се влеваат во него се и најголеми загадувачи. Дел од нив покрај отпад и наноси од песок со себе носат и големи количини органска материја која го забрзува процесот на еутрофикација – стареење на Охридското Езеро.

OhridNews