Џејмс Доџан од Англија на интернет огласил дека ја продава својата мајка Сенди. Почетната цена била една фунта, а синот во огласот навел дека неговата мајка е убава, добро готви, дека е образована, посветена на семејството и со еден збор непроценлива. Одлучил да ја продаде бидејќи веќе седум години немала среќа во љубовта.


Додал дека секогаш убаво изгледала и дека успеала да подигне две прекрасни деца. Нејзиниот прв брак траел три години, а втор пат се развела по 17 години брак. После тоа се разочарала и не успеала да воспостави стабилна врска.