Сунам, тригодишно девојче од Авганистан, нејзиниот татко ја свршил за седумгодишниот роднина Нием. Таткото на малечката Сунам, Парвез, ја ветил ќека си на синот на својата сестра зошто таа сакала да има ќерка.

Двете семејства веќе живеат во иста куќа. Семејствата на Сунам и Нием убедени се дека тие двајцата ќе имаат среќен брак ако израснат заедно, а планираат да ги венчаат кога Сунам ќе има 14 години.

И покрај напорите на авганистанската влада и борците за човекови права, браковите на деца во Авганистан се уште се чести, посебно меѓу сиромашните и необразованите. Според последните податоци на УНИЦЕФ околу 16 проценти од малите авганистанци се венчаваат на возраст под 15 години, а возрасната разлика се спушта секоја година.

Ако сопругот е несреќен во таков брак има право да се ожени со уште една жена. Но сопругите го немаат истото право. Тие се присилени во бракот да го поминат целиот живот кој често и не е долг поради зачестените самоубиства кои ги извршуваат несреќните невести.  

Ј.М.