Планината Јабланица е полна со снег.  Метеоролозите деновиве најавуваат нови врнежи по што ќе следи период на затоплување.

Денеска ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Во текот на ноќта и утре ќе дува умерен до засилен северен ветер кога ќе има слаби локални врнежи од снег. Потоа следува претежно сончево и релативно топло време со пораст на температурите, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Тоа според хидролозите ќе придонесе за зглолемување на водостојот на реките во сливното подрачје на Охридското Езеро, кое иста така бележи висок водостој.


Јабланица полна со снег

Според вчерашните мерења водостојот на Охридското Езеро бележи намалување за уште 1 сантиметар и сега се наоѓа на котата 693,99 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над горната утврдена граница.

OhridNews
фото: Митко Орачевски