Со фантастичен погодок во втората минута од судиското продолжение Фил Јагиелка донесе реми 1-1 за Евертон во граската пресметка со Ливерпул.
На „Енфилд“ се пееше песна за нова победа над „синиот“ ривал од градот откако водство донесе Стивен Џерард во 65-та од слободен удар.
Но, тогаш „карамелите“ преку Јагиелка постигнаа погодок и им ја скратија радоста на навивачите на градскиот ривал.
Резултати : Ливерпул – Евертон 1-1, Челси – Астон Вила 3-0, Кристал Палас – Лестер 2-0, Хул – Манчестер Сити 2-4, Мен Ју – Вест Хем 3-1, С`тон – КПР 2-1, Сандерленд – Свонси 0-0.
Табела : Челси 16, С`тон 13, Мен Сити 11, Свонси 10…
Мх.П.