Фудбалерот на Манчестер Сити Јаја Туре е прогласен за најдобар играч на Африка во 2014 година, во традиционалниот избор на Африканската фудбалска конфедерација.
Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска воедно влезе во историјата на африканскиот фудбал, како прв играч, кој престижната награда ја освојува четврти пат во низа.
Исто така, Јаја Туре, му се придружи на Самјуел Ето кој досега беше единствениот фудбалер со четири вакви признанија (2003, 2004, 2005, 2010).
На свечената церемонија која се одржа во Лагос, Јаја Туре ја доби наградата во конкуренција на Пјер-Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд) и Винсент Енејама (Лил).
„Макфакс“