По се изгледа Јаја Туре ќе биде првиот фудбалер кој ќе го напушти Манчестер Сити по завршувањето на сезонава. Тој од клубот ќе замине по секоја цена и подготвен е сам да си ја плати откупната клаузула во договорот.


Неговата желба за заминување од Етихад се поклопува со доаѓањето на шпанскиот стручњак Пеп Гвардила на клупата од „граѓаните“.

Гвардиола и Јаја Туре имаа успешна соработка во Барселона се` додека тренерот на местото од репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска не го стави Серхио Бускетс во игра.

Фудбалерот за врска важечки договор со Манчестер Сити има уште една сезона и според „Вебстеровото правило“ може да ја плати оштетата за последната година од договорот.

На оваа информација најмногу се радуваат Јувентус и Интер кои будно ги пратат случувањата на Етихад со еден од најдобрите играчи последниве години.

OhridNews