Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити последниве години, Јаја Туре го исполна предусловот за враќање во првата екипа, откако јавно му се извини на менаџерот Пеп Гвардиола.


Репрезентативецот на Брегот од Слоновата Коска и неговиот менаџер влегоа во клинч со шпанскиот стручњак кој не чекаше многу и веднаш го испрати фудбалерот во Б екипата.

– Сакам да се извинам поради поради сево ова што се случува со мене во клубот. Исто така се извинувам во името на менаџерот кој ме застапува. Изјавите дадени во тој момент не го отсликаа моето почитување кон клубот и менаџерот. Од секогаш на клубот му посакувам се најдобро, а така е и сега. Уште еднаш, извините !. – стои во соопштението од Јаја Туре.

После ова јавно извинување на потег е Гвардиола кој најави се додека не добие извинување нема да го вклучи фудбалерот во првата екипа.

OhridNews