Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчеравечер ја промовира идејата за формирање нова политичка партија, Граѓанска опција за Македонија- ГРОМ, за која истакна дека за девет месеци од формирањето, ќе стане парламентарна партија.

 – Нудиме простор да ни се приклучат сите граѓани кои имаат визија за Македонија. Се собравме не за да бидеме опозиција, туку да бидеме власт. Не планираме некого да донесеме на власт, туку се бориме за нашето место и за наше учество во парламентарната демократија, рече Јакимовски.

Стевчо Јакимовски, се промовираше и како лидер на новата партија која за три месеци се очекува да биде и официјално регистирана на политичката сцена.

Според најавите, најдоцна до 15 септември партијата ќе започне со својот политички ангажман.

OhridNews