Норвежанецот Андерс Јакобсен победи на натпреварувањето во скијачки скокови во германскиот Гармиш-Партенкирхен, втората дестинација од традиционалната серија Новогодишната турнеја на четирите скокалници.
Норвежанецот имаше 286 бодови, а второпласираниот Швајцарецот Симон Аман, собра 179,4 поени, трет беше Словенецот Петер Превц со 276,9 бодови. Четврто место го освои Австриецот Грегор Шилeрензауер, додека неговите сонародници Крафт и Михаел Хајбек беа шести и седми.
Австриецот Штефан Крафт победникот од првото натпреварување во Оберсдорф, го задржи водството во вкупниот поредок со само 1,1 бод повеќе од Превц, Хајбек е трет, а Јакобсен е четврти.
Серијата се сели во Австрија каде што во недела ќе се скока во Инсбрук, а потоа 6-ти јануари завршното натпреварување ќе се одржи во Бишофсхофен.
ohridnews