“Надежите“ во Охрид на мечот со “градежниците“ ги направија последните подготовки за квалификациите за ЕП. “Црвено жолтите“ ремизираа со охридскиот второлигаш, но селекторот Менсур Јакупи испроба фудбалери на кои ќе може да смета во циклусот.


Резултатот беше во втор план, одигравме добро низ целиот натпревар. Полека добивам слика како ќе изгледа составот за квалификациите кои не очекуваат – истакна Јакупи.


Македонија квалификациите за Европското ги игра на 5 ноември во Струмица, “надежите“ првите две места ќе ги бркаат во група со Швајцарија, Украина и Казакстан. – Во првата рунда играме со Швајцарија која е апсолутен фаворит во групата. Ако извлечеме добар резултат, вратите кон понатамошната фаза ни се отворени – додаде Јакупи.

Мх.П.