„За оние предмети за кои е прекината постапката, кои се најбројни, станува збор за случаи каде доставената документација до општините не е комплетна и истите можат да продолжат само откако ќе се достават потребните документи. Констатирано е дека лицата кои поднеле барања за легализација, најчесто доцнат со доставувањето на геодетските елаборати кои се составен дел на документацијата која согласно Законот е потребна за утврдување на фактичката состојба и комплетирање на постапката“, Рече Јанакиески.
Тој упати апел сите граѓани кои поднеле барање да ја комплетираат својата документација, односно оние кои не доставиле геодетски елаборати истите да ги достават, со цел побрзо решавање на нивните предмети.
Јанакиески побара и од локалната администрација ажурно да го имплементираат овој процес и навремено да постапуваат по комплетираните барања, како би можело процесот на утврдување правен статус за бесправните објекти што поскоро да заврши.
Според министерот за транспорт и врски, досега се уважени вкупно 42.997 барања, одбиени се 497, а во тек е постапувањето по 67.172 предмети.
Makfaks