
– Согласно законот, туристичката развојна зона е од јавен интерес и кога некоја област се урбанизира за јавен интерес се води постапка за експропријација така што нема насилно на никого да му одземаме имот, туку при реализацијата на стратешките проекти како што се туристичка развојна зона, изградба на автопат, железничка пруга или гасовод, ќе ги почитуваме законските прописи во државата. Сите постапки кои ќе се преземат ќе бидат исклучиво согласно законските прописи во Македонија, нагласи Јанакиески.
Јанакиески уште посочи дека во постапка е процесот на урбанизација на земјиштето и оти прво треба да се види дали со опфатот ќе биде зафатено и земјиште на црквата.
– Прво треба да се определи опфатот, а потоа да видиме дали тој опфат ќе има земјиште на црквата или не. Доколку има земјиште на црквата ќе ги почитуваме сите законски прописи и на никој нема да му биде одземен имот како што и досега оваа Влада нема одземено имот, без да се даде определен надомест, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.











