– Точната бројка од пред две недели е 18.500 објекти кои се легализирани и запишани во катастарот, бидејќи имате еден процес каде што луѓето ги легализираат, па малку подоцна ги запишуваат во катастар. Сепак, бројката е добра, но секогаш може да биде подобра, се разбира. Ние ги увидовме сите слабости во претходното законско решение, иако законот беше добар и во соработка со ЗЕЛС направивме измени на законот, кои се веќе испратени во Собранието, вели министерот во интервју за Радио Слободна Европа.
Според Јанакиески, како најголем проблем во процеост на легализација на дивоградбите е тоа што веќе граѓаните не прават геодетски елаборати, кои се основно мерење- неопходно да се легализира објектот и да се запише во катастарот.
– Ставивме еден рок од 18 месеци дека сите физички и правни лица мораат во тој рок од 18 месеци да ги достават геодетските елаборати до општините, инаку ќе немаат право за легализација, така што на некој начин со ставање на тој рок, претходно немаше таков рок, ќе овозможиме побрзо правните и физички лица да достават геодетски елаборати до општините, а потоа и до кастастарот. Тоа е прв проблем. Втор проблем е, треба општините да го зголемат бројот на лица кои работат на решенија на легализацијата, ако сега работат 3-4 тима да направат 10-15 тима, да вработат поголем број на луѓе за побрзо да одговорат на барањата на граѓаните, вели министерот Јанакиевски.
Како што тој потенцира, со измените на законот што се од техничка природа се очекува да се забрза процесот на легализација.
извор: РСЕ