Времето ќе покаже дали е шпекулација или вистина дека ќе заминам на амбасадорска функција, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
„Се уште сум министер за транспорт и врски, ја извршувам оваа функција, а времето ќе покаже дали е шпекулација или вистина. Времето некогаш е најдобар показател за сите шпекулации. Го водам Министерството секој ден како да ми е прв и секој нов ден имам сè повеќе мотив и елан да остварувам нови проекти бидејќи во овие шест години успеав да реализирам голем број проекти“,рече Јанакиески.
Тој додаде дека секогаш има нови предизвици, нови проекти, и дека сè уште има елан да го води министерството.
извор: „Макфакс“