Јане Велковски и неговата фамилија се наоѓаат веќе во Манчестер и ќе имаат специјален третман на вечарашниот дуел од Лигата на Шампиони кој „црвените ѓаволи“ ќе го одиграат против Севиља во 20 часот и 45 минути.

Посетата на Олд Трафорд беше една од најголемите желби на Јане Велковски кој боледува од мускулна спинална атрофија. Тој разменуваше видео пораки на социјални мрежи со Пол Погба, со кој заедно се во проектот на УЕФА „еднаква игра“.

– Кога играм фудбал заборавам на се. Фудбалот премногу го сакам и ми значи се. Роден сум со ретка болест и сакам еден ден да го најдам лекот, да оздравам и да играм фудбал како Роналдо. – изјави во првата видео порака Јане.

Јане се сретна со дел од играчите од Манчестер, а средбата со Погба е закажана за денеска, која сигурно ќе биде овековечена од светските медиуми.

OhridNews