Специјалното јавно обвинителство кое го презеде случајот „Пуч“, на барање на одбраната предложило првообвинетиот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање, Зоран Верушевски и обвинетиот Ѓорѓи Лазаревски да се бранат од слобода со мерки за обезбедување, потврдуваат од Крвичниот суд за Макфакс.

Овој предлог ќе биде доставен до кривичен совет за понатамошно надлежно одлучување и доколку биде прифатен Верушевски и Лазаревски ќе излезат од притвор.Неговото ослободување е неизвесно и поради тоа што тој е осуден на 3 години затвор за нелегално поседување на службен пиштол, кој го добил додека бил прв човек на тајната полиција.

Од Кривичниот суд велат дека Специјалното обвинителство предложило да биде укинат притворот за Верушевски и Лазаревски со понудена гаранција и да се определат мерки за обезбедување, одземање на патната исправа и забрана за напуштање на живеалиштето, мерка што не е иста со куќниот притвор, како што јавија дел од медиумите.Во допис до медиумите, Специјалното обвинителство потврдило дека го прифатиле барањето на одбраната, на обвинетите да им биде укинат притворот.

Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е и лидерот на опизицијата, Зоран Заев. Првообвинет во случајот е Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.По објавувањето на жбомбитеж од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“.

По пет одложени рочишта Заев се појави за прв пат во судот на рочиштето во понеделникот, откако случајот го презеде Специјалното обвинителство, но судењето беше одложено на барање на новото обвинителство, на кое му било потребно време да ги разгледа доказите.

OhridNews

извор Макфакс