– Направивме грешки кои беа кобни за нас – рече селекторот Јаневски по поразот од Хрватска со 2-1 на мечот од „А“ квалификациската група.


Македонија имаше предност од 1-0 но само благодарение на нашите грешки, “коцкестите“ успеаа да направат комплетен пресврт.

– Бевме нервозни, водстовото требаше да ни даде мир, но наместо тоа примивме гол со кој ги  вративме во игра. Во второто полувреме им дадовме уште еден поклон, а по тој гол тешко беше да се вратиме во игра. – истакна Јаневски.

За мечот со Србија во вторник, селекторот нема да може да смета на услугите на Пандев кој е суспендиран.

– Навистина е штета што доби жолт, но сега тоа нема да може да ги смениме, имаме и други играчи кои може да играат, и да го заменат капитенот – заклучи Јаневски.

М.П.