Унијата на жени при ВМРО- ДПМНЕ Охрид може да се пофали дека е една од најактивните здруженија во земјата, со стопроцентна реализација на акционите планови во изминатиот период, вели претседателката на УЖ на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска, која утревечер на Годишното собрание на општинскиот комитет на УЖ на ВМРО- ДПМНЕ ќе даде отчет за сработеното   во текот на изминатите 12 месеци.


Нашите членови работеа во континуитет, спроведувајќи голем број активности во изминатиот период, а така ќе продолжеме и во иднина. Задоволна сум од реализираното и што постојано бевме присутни на терен меѓу народот, што како демохристијанска партија тоа беше и нашата цел. Организиравме многу хуманитарни активности, како и трибини на кои се разговараше за теми од секојдневно живеење и на кои секој од нас многу научи , потенцира Јанковска.

Годишното собрание на ОК на УЖ на ВМРО- ДПМНЕ Охрид ќе започне во 20 часот. Пред присутните, освен Јанковска се очекува да се обрати и претседателката на УЖ на ВМРО- ДПМНЕ, д- р Даниела Караѓозова. Поканети се да присуствуваат голем број гости, пратеници, советници и подржувачи на политиката на партијата.

OhridNews