Куршумите кои завршија во автомобил и зградата на Авфа Тв најверојатно се заскитани, изјави денеска во Скопје министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

-Согласно првичните согледувања не би можеле да потврдиме дека се работи за истрели, туку дека може да потврдиме дека се работи за проектили кои завршиле во овој објект, што многу повеќе наведува на сознание дека најверојатно се работи за заскитан  куршум, меѓутоа во овој момент не би констатирале такво нешто со оглед на тоа што треба да се направат соодветни стручни вештачења кои би требало да ги потврдат сите оние механички и физички параметри кои најчесто даваат одговор на прашањата што си ги поствуваме, истакна министерката Јанкуловска.

Два курушуми вчера нешто по пладне завршија во службено возило и во прозорец на телевизија Алфа во момент кога пред зградата стоеле неколкумина вработени.

OhridNews