Во рамки на проектот на министерството за внатрешни работи за организирање “Отворени денови“ во полициските станици, утре министерката за внатрешни работи,Гордана Јанкулоска, ќе го посети Секторот за внатрешни работи- Охрид каде ќе се сретне со челните луѓе на овој сектор.

“Отворените денови“ во полициските станици се наменети за сите заинтересирани граѓани кои имаат некакви поплаки и претставки по однос на полициското работење и коишто директно ќе можат да им ги пренесат на полициските службеници од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, но и за граѓаните кои имаат желба да се запознаат со процедурите на полициското работење.

OhridNews