– Цврстината на доказите треба да ја оцени судот во евентуална постапка, но стојам на ставот дека последниот извештај што беше предмет на разгледување на Владата, а изготвен од страна на независна комисија, фрлаше светло на настани кои претходно не беа разгледани односно содржеше податоци кои во претходните извештаи доставени до обвинителот и разгледани во рамки на истрагата не беа земени предвид“, изјави Јанкулоска одговарајќи на новинарско прашање до каде е истрагата за случајот во кој загина поранешниот претседател Борис Трајковски.
Таа повика на трпение да се сочека крајот на истрагата за да се донесат заклучоци, затоа што според неа, одговорот кој доаѓа од босанските власти во последните неколку месеци, е различен и попозитивен во однос на сите претходни.
– Верувам дека сепак таа истрага ќе продолжи и оти ќе се разгледаат внимателно сите докази содржани во последниот извештај и на крајот во една независна постапка ќе се даде последниот суд, рече Јанкулоска која додаде дека не знае дали тој извештај ќе значи одговор на сите отворени прашања.
Министерката Јанкулоска потсети дека пред извесно време пред Владата независна експертска комисија презентираше извештај во кој се содржани податоци кои претходно не беа содржани во ниту еден друг извештај.
Минатата недела претседателот Ѓорге Иванов, при посетата на БиХ, побара од босанските власти да го забрзаат одговорот по новиот Извештај што им беше доставен, а од таму доби ветување дека тој ќе се заврши во догледно време.
Makfaks