„Дозволете најпрвин да им честитам на сите граѓани на Република Македонија бидејќи истите покажаа храброст и одважност и покажаа дека имаат висока демократска свет.“ – истакна Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, оценувајќи дека денешните локалните избори се најчисти, со минимални ситни нарушувања.

Како што посочува министерката, до ресорното министерство биле доставени неколку поплаки и претставки, по кои веднаш е постапено.
„За разлика од сите претходни избори, поднесени се вкупно три кривични пријави и само две прекршочни пријави што дополнително говори за мирниот изборен ден на кој сите бевме сведоци.“ – додава Јанкуловска.
Две кривични пријави се поднесени во Куманово, една во струшко, а од МВР најавуваат дека подготвуваат уште една кривична пријава против лице кое што го фотографирало ливчето и му го покажало на друго лице.
Прекршочна пријава ќе биде поднесена во Гевгелија против носител на листа од опозицијата, односно во скопско Мирковци, каде лице во алкохолизирана состојба недолично се однесувало.
OhridNews











