Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски завршија со исказот и доцна синоќа заминаа од судот, јавува „Телма“.

Јанкуловска повеќе часови одговараше на прашањата на судијата по претходна постапка како осомничена во првиот случај на Специјалното јавно обвинителство за изборни измами, “Титаник”. 

Поранешната министерка во саботата беше отсутна од државата а откако се врати од странство, даде исказ како осомничена во случајот “Титаник”.

Во судот денеска околу 16 часот се појави и обвинителката која го води случајот “Титаник”, од Специјалното обвинителство, Фатиме Фетаи. Судот денеска го отфрли и петтото барање за притвор на поранешниот член на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури одредувајќи му алтернативна мерка за претплазливост.

Откако ја доби одлуката на судот, тој кратко пред медиумите рече дека ја поддржува , напуштајќи го судот со сопственото приватно возило.

OhridNews
извор: „Телма“