
„До овој момент А1 не била предмет на контрола ниту на УЈП, ниту на финансиската полиција ниту на МВР. Во станот во Чаир пронајдени 104 илјади евра“ рече Јанкулоска.
Завчера новинарите на А1 телевизија објавија дека имало полициски упад во нивната телевизија и дека не можат слободно да се движат и да ги извршуваат професионалните обврски.
Некои од новинарите тврдеа дека биле влечени и туркани од полицијата. Од МВР соопштија дека во објектот на оваа адреса се вршело финансиска контрола на фирми кои немале врска со медиумот, но се наоѓале на нивна адреса.
извор: „Макфакс“












