МВР поднесе кривична пријава за тероризам против пет лица, за кои постои сомневање дека стојат зад монструозното убиство што на Велики Четврток се случи на Смиљковското Езеро.

Осомничените се од Скопје на возраст од 24 до 54 години. Се претпоставува дека меѓу нив се и директните извршители на убиството, а двајца од нив се во бегство и според оперативните сознаија на полицијата тие успеале да ја минат границата со Косово. Сепак министерката Јанкуловска не прецизираше дали овие двајца пукале во жртвите.

 – Ве молам да не ги иинтерпретирате фактите –  за 5 лица се поднесени кривични пријави за тероризам. Се друго е во сфера на шекулации, рече Јанкуловска.

Останатите приведени меѓу кои има и неколку жени, ќе одговараат за помагање при тероризам, организирање и прикривање на кривично дело како и недозволено поседување оружје. Сите приведени се македонски државјани и биле подржувачи на радикалниот ислам, а целта на убиството била да влее страв кај граѓаните, рече Јанкуловска.

Во операцијата „Монструм“ што ја спроведе МВР беа приведени 20 лица кои се поврзуваат со грозоморното убиство кај Смиљковското Езеро.


Приведените во акцијата „Монструм“ изведени пред истражен судија
OhridNews