Белгискиот репрезентативец Аднан Јанузај минатата сезона беше најголемо открие во Премиер лигата, а сезонава мака мачи со пронаоѓање на формата.


Откако пристигна на Олд Трафорд холандскиот стручњак Луис ван Гал форсира 3-5-2 формација, која не му одговара на белгискиот интернационалец.

– Системот ми ја отежнува играта, но морам напорно да работам. Минатата сезона играв повеќе и натпревар во натпревар се чувствува се подобро. Морам да му покажам на менаџерот дека можам да бидам важна алка во тимот – рече Јанузај.

Во форматацијата на холанѓанецот крилата имаат и дефанзивни задачи со кои засега тешко се справува Јанузај.

– Јас не сум одбранбено крило и тешко ми е да играм на таа позиција бидејќи има премногу задачи во одбраната. Од мали нозе тренирав „десетка“ или позади шпицовите, а исто ми одговара и крилен напаѓач – истакна Белгиецот.

На посакуваната позиција од Јанузај менаџерот на располагање ги има Хуан Мата, Анхел ди Марија и Вејн Руни, а на надежниот фудбалер му преостанува многу повеќе од напорна работа.

Мх.П.