Градоначалникот на јапонскиот град Кјотонге го прогласил сограѓанинот Џироемона Кимура кој има 115 години за најстар човек на светот. Кимура ја наследил титулата од една американка која починала во понеделникот. Јасуши Накајама, градоначалникот на Кјотонге, град во близина на старата јапонска престолнина Кјото, го потврдил статусот на Кимура, нарекувајќи го гордост на градот.
Кимура бил роден на 19 април 1897 година и е 15 дена помлад од неговата претходничка Дина Манфредини, која починала во понеделникот во Ајова, помалку од две седмици откако била прогласена за најстара жена на светот. Кимура е поранешен поштенски службеник, има 14 внуци, 25 правнуци и 13 чукунвнуци. Тој живее со семејството на својот син. Семејството не сакало да го коментира неговиот статус, од почит кон семејството на починатата Манфредини, пренеле медиумите.