Владата на Јапонија одлучи да издвои три милиони јени (околу 2,7 милиони американски долари) како неповратна помош, преку УНХЦР, за мерки за заштита на бегалците во Македонија и Србија од зимски услови, соопштуваат од јапонската амбасада во земјава.

Одлуката е донесена како одговор на апелот на УНХЦР за поддршка на планот за бегалската криза во Европа во зимски услови. Грантот опфаќа мерки за одржување на прифатните центри во Македонија и Србија, со грејна и друга опрема за зимски временски услови. Јапонскиот премиер Шинзо Абе му ја пренесе одлуката за неповратната помош на Високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутереш, за време на нивната средба во Токио на 25-ти ноември, додаваат од амбасадата.

Ова е втора помош наменета за бегалците во Македонија и Србија, по 25-ти септември годинава кога Владата на Јапонија одлучи да додели итна неповратна помош во висина од приближно  2,4 милиони јени (два милиони американски долари) како одговор на масовниот прилив на бегалци и мигранти во Западен Балкан, преку УНХЦР, Меѓународна организација за миграција и Меѓународен црвен крст и црвена полумесечина, наменети за подобрување на условите во прифатните центри, психолошка поддршка, храна, лекови, како и зголемување на капацитетите за погранична контрола и регистрација на бегалците.

OhridNews

извор Макфакс