Јапонска продукциска куќа започна со снимање на филм за Македонија со познатиот јапонски актер Seiichi Tanabe. Филмот ќе биде емитуван на јапонската телевизија „FUJI“ прикажувајќи ја Македонија како неоткриена туристичка дестинација која е потребно да биде  посетена од јапонските туристи.

-Снимањето на документарно-играниот филм  започна на 29-ти јули 2014 година и до сега  опфати повеќе локации низ Македонија познати по својата убавина, историја, археологија, локални специјалитети, туристичка понуда и природни убавини, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Од таму нагласуваат дека нивните служби во континуитет работат на организирање, поддржување и реализација на проекти кои ја промовираат Македонија на светскиот туристички пазар.

OhridNews