Денес во Охрид се оддржа работна средба на преставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка и преставникот на Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро при МЖСПП , Дејан Пановски.
На средбата беше истакнато дека јапонските експерти го изготвија финалниот извештај за состојбата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и се во ситуација да предложат техники за рехабилитација на истиот.
За таа цел, договорен и утврден и работен состанок со преставниците на општините Охрид и Струга, ќе оддржат преставниците на надлежните јавни претпријатија и преставници на Министерството за животна средина на кој ќе се презентираат техниките.Таа презентација ќе се одржи на 2 Јули во Охрид во организација на билатералниот Секретаријат и Општина Охрид .
„Јасно е дека најголемиот предизвик во функционирањето на колекторскиот систем е мешањето на останати води со водите во системот и лошата состојба на цевководите низ поголем дел од мрежата. Решенијата за долгороќна заштита се или изградба на нов систем или рехабилитација на постојниот. Пресметките говорат дека огромни се средствата кои ќе бидат потребни за овој процес и затоа после презентирањето на состојбата и техниките мораме да влеземе во агресивен приод кон донаторската заедница. Езерото мора да ни биде вечен приоритет.“ – изјави Дејан Пеновски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро при МЖСПП.
Исто така, јапонските преставници остварија средба на истата и со претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и директори и преставници на ЈП „Проаква“ и „Нискоградба“, кои поддржаа одржување на една презентација за техниките за рехабилитација на колекторскиот систем кои јапонски експерти ќе ги презентираат во Охрид на 2-ри јули годинава.
OhridNews