Во Охрид престојуваат група експерти, ангажирани преку Јапонската Агенција за меѓународна соработка, чии активности се дел од планирачкиот процес од аспект на управувањето со отпадните води. Оваа мисија е всушност продолжение на активностите поврзани со евентуалното  јапонско финансирање на реконструкција и комплетирање на колекторскиот систем на Охридското Езеро.

Како што е познато во договор помеѓу Владите на Република Македонија и Јапонија , јапонската влада изрази подготвеност за одвојување финансиска помош за еколошки проекти во Македонија, меѓу кои е проектот за изработка на физибилити студија за реконструкција и довршување на колекторскиот систем околу Охридско Езеро, по што со донаторски средства би се влегло во процес на реализација.

-После  предходната мисија и после нашиот одговор и изготвената проектна задача се продолжува со оваа едномесечна мисија која сега има за цел детализирање на потребите на системот околу Езерото со цел конечно утврдување на параметрите и висината на евентуалните средства за изговување на физибилити студијата за реконструкција и довршување на колекторскиот систем. Изодевме доста пат и доста работа и би било одлично за заштитата на езерото да влеземе во конкретно изготвување на потребната и барана Физибилити студија која ќе биде основа за донаторски интерес, вели Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за Охридското езеро.

Мисијата на јапонските експерти ќе работи еден месец во Охрид заедно со сите надлежни институции од областа на заштитата на езерото.Низ овој долг и детален процес на истражување на потребите, треба да се утврдат параметри и модели за финансирањето од страна на ЈИЦА и потоа на политичко ниво да се утврди финансиската помош за проектната задача.

OhridNews